Рафаел Надал се враќа на тениските терени!

На 3 октомври, Рафаел Надал ќе излезе на теренот пред публиката за првпат откако се повлече од тенисот во есента 2024 година. Повод за тоа е десетгодишнината од основањето на неговата академија во родниот Манакор на Мајорка.

Според шпанските медиуми, тој ќе одигра серија ревијални натпревари против пријатели и ривали, но нема да има некој голем дуел. Новак Ѓоковиќ и Надал имаат одиграно најмногу меѓусебни натпревари во историјата, а исто така се и тенисерите со најмногу освоени гранд-слем титули. Не постои поголемо ривалство од нивното.

Иако списокот со ривали на „кралот на земјените терени“ сè уште не е објавен, јасно е дека Ѓоковиќ нема да биде присутен, од проста причина што во тој период планирал да настапи на турнирот од серијата 500 во Пекинг. Не е исклучено меѓу гостите да се најде и Роџер Федерер, но имињата ќе бидат познати за неколку дена.

Се вчитува...