Барселона има фантастичен старт на новата сезона, четири победи во четири меча, последна жртва им беше Валенсија (5:0) за која брани Столе Димитриевски, а еден од најзаслужните е Рафиња.
Бразилецот кој од сезонава е прв капитен, со голот против Валенсија израмни рекорд на Лионел Меси.
Весникот „Мундо депортиво“ пишува дека Рафиња стана вториот фудбалер на Барселона во 21-от век по Лионел Меси, кој постигнал шест гола во првите четири кола во Ла Лига. Меси досега двапати имал вакво постигнување, во сезоните 2012/13 и 2013/14.
Рафиња на отворањето на новата сезона му даде два гола на Елче, еден на Атлетик Билбао, два на Рајо Ваљекано и денеска еден на Валенсија.
Доколку се запише во листата на стрелци и во следното коло, Бразилецот ќе им се приклучи на Цезар Родригез и Златан Ибрахимовиќ, како единствени играчи во историјата на Барселона кои постигнувале голови во првите пет кола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
