Бразилецот Рафиња од денеска и официјално е нов член на Барселона, откако екс-фудбалерот на Лидс беше претставен како големо засилување на каталонскиот гигант за наредната сезона.
Каталонците платија почетни 57 милиони евра за да го осигураат неговиот трансфер, а значајна улога одигра и самиот фудбалер, кој одби да се пресели во Челси иако лондонскиот клуб имаше договор со Лидс, за сума повисока од онаа што ја плати Барселона.
„За мене е огромна чест што сум денеска овде и сакам да им се заблагодарам на сите кои што на некој начин го овозможија овој трансфер. Оние кои ме познаваат знаат дека од дете сонувам еден ден да заиграм за Барселона, денеска тој сон ми се остварува. Имам многу идоли кои настапувале за Барселона и оставиле силен печат врз историјата на овој клуб, ако сум барем половина успешен колку што беа тие би бил пресреќен“, изјави Рафиња.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА