Рагник: Чудни судиски одлуки, фудбалерите на Атлетико само лежеа на терен

Манчестер јунајтед доживеа елиминација од Лигата на шампионите откако синоќа на домашен терен во реваншот од осминафиналето загуби од Атлетико Мадрид со 0-1.

Менаџерот на „црвените-ѓаволи“ Ралф Рагник по натпреварот беше видно не задоволен од судијата кој им дозволи на гостите буквално да го поминат мечот во лежење на теренот.

„Мислам дека игравме добро во првото полувреме. Енергијата беше на високо ниво, но не успеавме сето тоа да го заокружиме со гол. Во второто полувреме беше многу тешко. Ривалот често ја прекинуваше играта и секогаш некој од нивните фудбалери лежеше на теренот. Некои судиски одлуки беа навистина чудни“, изјави Рагник. 

Манчестер со овој пораз и петта сезона во низа ќе остане без трофеј.

Се вчитува...