Милена Раичевиќ повеќе не е капитен на женскиот ракометен клуб Будуќност, а до крајот на сезоната нема да биде дел од првиот тим на црногорскиот шампион.
Управниот одбор на двократниот европски шампион одлучи Раичевиќ до крајот на сезоната да тренира со тимот на Рудар, кој е втор тим на Будуќност.
Раководството на Подгоричанки оваа одлука ја донело поради тоа што поранешната капитенка поднесе тужба против клубот, и поради тврдења врз основа на договорот склучен за време на мандатот на поранешната претседателка Радмила Петровиќ за сезоната 2020/21. Раичевиќ ја пропушти таа сезона поради бременост.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА