Раиола: Англичаните се потресуваат кога ќе се спомене Погба

Мино Раиола останува во центарот на вниманието на англиската јавност откако супер-агентот даде нова изјава околу иднината на Пол Погба. Тој предизвика бура со претходниот коментар со кој најави дека доаѓа времето да се заврши приказната меѓу Погба и Манчестер Јунајтед, а Раиола денеска повторно се осврна на истата тема.

Според него, заминувањето на Погба е неминовно, но не треба да се очекува тоа да се случи во текот на јануарскиот преоден рок.

„Проблемот е во тоа што Англичаните се потресуваат секогаш кога ќе се спомене Погба. Вистина е, јас стојам зад тоа што го реков, но не мислев за јануари 2021, туку за летниот преоден рок. Невозможно е да се договори трансфер на суперѕвезда како Погба во јануарскиот преоден рок“, објасни Мино Раиола.

Во преден план во трката по Погба останува Јувентус, иако понуди за овој фудбалер најавуваат и ПСЖ и Реал Мадрид.

Се вчитува...