Раиола и Халанд сениор стигнаа во Барселона – Се подготвува фудбалски земјотрес

Таткото на Ерлинг Халанд, Алф Инге и неговиот менаџер Мино Раиола стигнаа во Барселона каде ќе се сретнат со новиот претседател на каталонскиот клуб, Жоан Лапорта. Се очекува на состанокот да биде постигнат договор за трансфер на феноменалниот Норвежанец во Барселона.

Сумата која што тимот од „Камп ноу“ треба да ја плати за Халанд се шпекулира дека е 150 милиони евра со што ќе биде еден од највредните трансфери во историјата на фудбалот. Халанд игра одлично сезонава во дресот на Борусија Дортмунд каде на 31 натпревар досега постигна 33 гола.

 

Се вчитува...