Рајковиќ зеде уште еден скалп во ВТБ-лигата

Астана предводена од Емил Рајковиќ останува најпријатно изненадува во силната регионална ВТБ-лига, откако поранешниот тренер на МЗТ Скопје, Работнички и на Фени индустри оствари уште една огромна победа. Казахстанскиот шампион му гостуваше на поранешниот евролигаш Локомотив Кубан, славејќи среде Русија со убедливи 71-90.

Иако ја имаа улогата на аутсајдери, избраниците на Рајковиќ одиграа беспрекорно во нападот во второто полувреме, кога за 20 минути постигнаа дури 54 поени, го свртеа резултатот во своја полза и си ја осигураа големата победа.

За Рајковиќ и Астана ова беше втора гостинска победа во низа, со која казахстанскиот клуб се искачи на делба на четвртото место во силното регионално натпреварување.

Се вчитува...