Рајола го „тресе“ Милан, Лапорта го добива подарокот на годината!?

Мино Рајола е човек кој може да го одбележи следниот преоден рок. Италијанецот е агент и за Ерлинг Халанд и за одличниот голман на Милан, Донарума. Овие фудбалери дефинитивно ќе бидат „мета“ на голем број фудбалски гиганти од Европа, па борбата започнува на неколку кола пред крајот на фудбалската сезона.

Верувале или не, Лапорта не е заинтересиран за Халанд, туку за Донарума! По одличната сезона, Милан може да остане без толку посакуваната Лига на шампиони. Само отсуството елитното друштво би го диктирало летниот пазар, па во тој случај постои можност Донарума да го напушти клубот. Јувентус веќе подолго време се споменува како негова следна дестинација. Сепак, се поставува прашањето што ако Милан избори пласман во ЛШ, а Јувентус извиси, како тогаш ќе се развива целата приказна околу Донарума?

Шпанскиот „АС“ го пренесува интересот на Барселона. „Каталонците“ веќе имаат сигурен голман, а тоа е Тер Штеген, но во случај на доаѓање на Италијанецот, Германецот би бил ставен на трансфер листата. Долгото пријателство меѓу Рајола и Лапорта може да биде пресудно за еден ваков трансфер, па останува да се види колку има вистина во ваквиот развој на настаните, бидејќи јасно е дека првото лето на Лапорта по враќањето во клубот ќе биде спектакуларно.

Се вчитува...