Рајола суспендиран и од ФИФА – што ќе се случи со фудбалерите кои ги застапува?

Светската фудбалска федерација (ФИФА) го суспендираше еден од најконтроверзните фудбалски менаџери на денешницата, Мино Рајола. Познатиот менаџер доби забрана за работа од три месеци, во кои нема да смее да ги застапува фудбалерите кои се во неговата агенција.

Со одлуката ФИФА ја поддржа Фудбалската федерација на Италија, која во среда исто така му изрече суспензија од три месеци.

„Дисциплинската комисија на ФИФА одлучи суспензијата од страна на Италијанската фудбалска федерација кон Мино Рајола, но и кон неговиот брат Винченцо Рајола, да се прошири на глобално ниво. Мино Рајола ќе биде суспендиран три месеци, додека Винченцо два месеци“, стои во соопштението на ФИФА. 

Одлуката донесена од страна на ФИФА е важна, бидејќи директно ќе влијае на трансферите кои што би можело да се случат летово, бидејќи Рајола е менаџер на низа фудбалери кои би требало да ја променат средината. Посебно интересно е тоа што трансфер рокот во премиер-лигата завршува на 8 август, а суспензијата на Рајола трае до 9 август, што значи дека Пол Погба или било кој друг негов фудбалер нема да може да потпише за тим од англиското првенство. Покрај, Погба, Рајола е менаџер и на Матијс Де Лихт, Марко Верати, Џанлуиџи Донарума, Марио Балотели и други.

Сепак, позитивна информација за Рајола и неговите фудбалери е тоа што во другите топ лиги во Европа трансфер рокот ќе трае до крајот на месец август, што значи дека еден од најбараните фудбалери Матијс де Лихт, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија или Италија.

Се вчитува...