Ракавицата е фрлена, Мајк Тајсон ја одреди цената за борба против браќата Пол!

Џејк и Логан Пол посветуваат многу внимание на борбите што ги организираат и кои им носат огромни суми на пари. Противници во рингот се главно ѕвезди кои никогаш не биле борци или тие се борци кои долго време се надвор од професионални борби, но тоа им носи голем профит.

Мајк Тајсон се согласи да влезе во рингот со двајцата браќа, но цената е 100 милиони долари.

„Ајде да погледнеме од деловна страна. Не ми е грижа дали изгледа глупаво или смешно, влегувам во ринг за 100 милиони долари тие момци ќе бидат веднаш нокаутирани“, изјави Тајсон.

Тајсон минатата година направи егзибициски натпревар против Рој Џонс, кој заврши без победник, иако Мајк изгледаше многу подобро во рингот.

Многу се зборува за новиот настап на славниот шампион, па ќе видиме дали ќе се случи.

 

 

 

Се вчитува...