„Ракетите“ ја прелетаа Јута, Голден Стејт ја пропушти првата „меч топка“

Хјустон обезбеди место во полуфиналето од Западната конференција откак0 „ракетите“ славеа над Јута со 100-93, за конечна победа од 4-1 во оваа плејоф-серија. Мечот беше неизвесен до самиот крај, Хјустон влезе во последната минута со минимална предност од 94-93, но гостите ги промашија петте шутеви што ги упатија до крајот и претрпеа заслужен пораз.

Главна причина за неуспехот на Јута беше слабиот настап на Донован Мичел, кој реализираше 12 поени со очаен шут од поле, 4/22 (0/9 за тројка). Ројс О’Нил беше прв стрелец на Јута со 18 поени, додека најефикасен во таборот на Хјустон повторно беше Харден, постигнувајќи 26 поени.

Голден Стејт повторно ги разочара своите навивачи губејќи го и вториот домашен натпревар во серијата со ЛА Клиперс (121-129). По двете победи во Лос Анџелес, „воините“ со победа пред своите фанови ќе се пласираа во следната рунда, но неочекувано потклекнаа пред мотивираниот гостински тим. Клиперси постигнаа 71 поен само во првото полувреме и се изборија за шести меч во оваа серија, најефикасен во победничкиот тим беше Вилијамс со 33 поени и 10 асистенции, а прв стрелец на Голден Стејт беше Дуран со 45 поени.

Се вчитува...