Ракип и Малме ја почнуваат авантурата во ЛШ со меч против Јувентус

Екдал Ракип и неговиот Малме ја почнуваат авантурата во Лигата на шампионите со мечот против Јувентус на домашен терен. Ракип е еден од двајцата македонски репрезентативци кои годинава ќе не претставуваат во елитното натпреварување, а утре своето деби ќе го има и Бобан Николов со неговиот Шериф Тираспол.

Ракип доби дозвола од шведската фудбалска федерација и ќе биде дел од македонската репрезентација за октомвриските квалификациски натпревари за Светското првенство против Лихтенштајн на гостински терен и Германија на националната арена „Тодор Проески“.

Натпреварот кој ќе се игра на „Еледа“ стадионот е закажан за вечерва во 21 часот.

Се вчитува...