Ракометарите денеска ги дознаваат противниците за СП во Германија

Ракометната репрезентација на Македонија денеска од 18 часот ќе ги дознае противниците на Светското првенство кое што на стартот на следната година ќе се игра во Германија.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров пред ждрепката се напаѓаат во вториот шешир. Тоа значи дека Македонија во групната фаза не може да се сретне со Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски острови.

ШЕШИРИ ЗА СП 2027: 

Прв шешир: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина.

Втор шешир: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија.

Трет шешир: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски Острови, Чиле, Соединети Американски Држави.

Четврт шешир: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција, Саудиска Арабија.

Се вчитува...