Ракометарите ги дознаваат ривалите за ЕП: Ова е најтешката и најлесната група што може да ја добијат

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва ќе ги дозна противниците за групната фаза од Европското првенство што следниот јануари ќе се одржи во Шведска, Данска и во Норвешка.

Жрепката е закажана за 19 часот во Хернинг, каде што ќе биде донесена одлука кои се селекциите со кои нашите ракометари ќе се сретнат на новиот континентален собир, но и во која држава ќе гостува Македонија и „фалангата“ за ова големо натпреварување“ (Хернинг ќе биде домаќин на група во Данска, Малме и Кристијанштад во Данска и Осло во Норвешка).

Шест селекции веќе се „делегирани“ пред самата ждрепка, Данска ќе биде носител во групата Б во Хернинг, Германија на групата А исто така во Хернинг, додека Шведска ќе ги пречека ривалите во групата Е во Малме. Од вториот шешир, Норвешка ќе биде во групата Ц во Осло, Фарските Острови во групата Д исто така во Осло, додека Исланд своите средби ќе ги игра во Кристијанштад, како дел од групата Ф.

Македонија е дел од третиот шешир заедно со селекциите на Австрија, Холандија, Чешка, Полска и Црна Гора, ривали со кои дефинитивно нема да се сретнме во првата фаза од овој европски шампионат.

Група што дефинитивно би сакале да ја избегнеме е за ривали да ги добиеме Данска од првиот, Шпанија од вториот и Србија од третиот шешир.

Од друга страна, барем на хартија најголеми шанси за добар резултат би имале ако се сретнеме со Унгарија, Фарските Острови и со Грузија.

1 Шешир: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија

2 Шешир: Норвешка, Португалија, Исланд, Хрватска, Шпанија, Ф. Острови

3 Шешир: Австрија, Холандија, Ц. Гора, Чешка, Полска, Македонија

4 Шешир: Грузија, Србија, Швајцарија, Италија, Романија, Украина

Се вчитува...