Ракометарите на Бутел од недела домаќини во нова сала

Екипата на Бутел е едно од најпријатните изненадувања на стартот од сезоната во Супер-лигата, а избраниците на тренерот Котевски почнувајќи од петтото коло ќе се преселат во својата „домашна населба“, со надеж за уште поголема поддршка од трибините за.

Ракометарите на Бутел Скопје оваа седмица се селат во својот нов дом – салата „Антон Димитров“ во населба Бутел позади општинската зграда. Прв официјален натпревар на нашите момци ќе биде дуелот против Еурофарм Работник в недела со почеток од 19:30 часот. Дојдете да го поддржите нашиот и ваш тим! Напред Бутел“ – се вели во кратката порака на официјалниот профил на овој клуб на социјалните мрежи.

Бутел досегашните натпревари како домаќин ги играше во скопската населба Радишани. По четири одиграни кола овој тим има скор од три победи и еден пораз, во пресрет на пресметката со лидерот Работник.

Се вчитува...