Ракометарите не успеаја: Пораз од Белорусија во полуфиналето во Тбилиси

Ракометната селекција за играчи до 18 години не успеа да го повтори успехот на младинците од пред неполн месеци, откако Македонија го загуби денешното полуфинале против селекцијата на Белорусија со резултат 30-32. Како кобен се покажа финишот од првото полувреме во кое му дозволивме на противникот да доминира и резултатски да се одлепи, по што избраниците на селекторот Брестовац не успеаја да се вратат во преостантите 30 минути од полуфиналето во Тбилиси.

На почетокот се соочивме со проблеми во нападот, па првиот гол Македонија го постигна во 5. минута преку Костески. Двете селекции се менуваа во водство во поголемиот дел од полувремето, а најголем проблем претставуваше Беликау, кој во првите дваесетина минути постигна пет погодоци. Мечот беше израмнет се до 12-12, за потоа Белорусија да влезе во серија и на одмор да се замине со предност на оваа селекција од 13-17.

Белорусите ја контролираа играта, Брестовац се обиде да го промени темпото со „седум на шест“, но дури на три минути до крајот успеавме преку Костески да намалиме на два гола негатива (30-32). На две минути пред крајот при истиот резултат не реализиравме пенал, потоа и уште еден напад, по што следеше неизбежен пораз, изразен со конечни 30-32.

Македонија во малото финале ќе води битка за бронзениот медал со Швајцарија, која денеска во првото полуфинале беше поразена од селекцијата на Италија.

Се вчитува...