Ракометарките на Ѓорче Петров ги завршија настапите во ЕХФ Европскиот куп

Македонскиот шампион ЖРК Ѓорче Петров ги заврши натпреварите во ЕХФ Европскиот Куп во третото коло откако загуби и на вториот натпревар со шпанскиот Елче, овојпат поубедливо со 19-25.

Претходно, во првиот натпревар вчера Елче славеше со 16-19.

Победникот на денешниот дуел беше решен уште во првиот дел кога Шпанките дојдоа до водство од 10-16. Во второто полувреме македонскиот тим се доближи до 15-19, но тоа беше се. Гостинките рутински одржуваа предност за конечна победа.

Армина Исиќ и Емилијана Ризоска постигнаа по четири гола, а Милена Вујисиќ запиша 11 одбрани. Во таборот на Елче, Химена Лагуна заврши со пет постигнати гола.

Се вчитува...