Ракометарките на Ѓорче Петров први во финалето на Купот

Со убедлива победа над Куманово, ракометарките на Ѓорче Петров се пласираа во финалето на Купот на Македонија. На крајот славеа со резултат 14:31.

Само во првите минути Куманово имаше водство, а потоа откако го презедоа ѓорчепетровки само го зголемуваа до крајот, за конечен триумф. На полувремето беше 5:11.

Кај победничката екипа неколку ракометарки завршија со по четири голови: Алмеида, Ризоска, Николовска, Николиќ и Јанкуловска. Кај Куманово со пет гола Зечевиќ беше најефикасна.

Ѓорче Петров ќе игра во финалето со подобриот од дуелот Вардар – Чаир.

Се вчитува...