Ракометарките на Македонија до 17 години со пораз од домаќинот Италија (24-23) го почнаа настапот на ЕХФ шампионатот.
Во целиот тек натпреварот беше изедначен, а најчесто се играше гол за гол. Во првиот дел Италијанките беа за нијанси подобри и на одмор заминаа со предност од 14-12. Во второто полувреме повторно се играше тврдо, а младите ракометарки успеаја да стигна до израмнување на две минути до крајот (23-23). Сепак Италијанките успеаја да стрелаат на минута до крајот, а Македонија не го искористи последниот напад за конечна победа на домашната репрезентација од 24-23.
Во нашиот тим Андреа Седлоска постигна 9 гола, додека Ангела Јанкуловска даде еден помалку. Кај Италијанките најдобра беше Весна Манојловиќ со 7 гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА