Ракометарките убедливи со Иран за потврда на првото место

Македонската женска кадетска репрезентација како првопласирана продолжува во следната фаза, и пренесува два бода. Денеска избраничките на Љубомир Савевски со одлична игра во вториот дел, убедлива ја совладаа селекцијата на Иран со 31-19.

Македонија добро го отвори мечот, водеше со 3-0, но потоа и пропуштени шанси по одличната игра во одбрана со Чурлиновска на голот. Иран не само што успеа да се врати, туку и да дојде до водство, а тоа беше знак за тајм-аут на Савевски.

Македонија продолжи да игра, но без ефект, а по 10 минути пост, Велкова успеа да израмни. По ова Македонија излезе од кризата, и успеа да дојде брзо повторно до три разлика, а потоа и да стигне до +4 (11-7), но Иран од пенал намали на 11-8, резултат кој беше активен на полувремето.

Во вториот дел Македонија заигра далеку поангажирано, па брзо ја наполни мрежата на Иранките, за да дојде до предност од 22-13 некаде кон средината на вториот дел. И кога веќе се знаеше победникот, само мирно се одржуваше разликата за конечни 31-19 за нашата селекција.

Најефикасна во нашиот табор беше Дукоска со шест гола, додека по четири постигнаа Ризоска, Јанкуловска, Младеновска и Борјана Коцева.

Македонија продолжува во следната фаза, каде што „вкрстува“ со селекциите на Исланд и на Шведска.

Се вчитува...