Ракометарките во Романија и Унгарија ќе ја темпираат формата за СП до 19 години

Младинската женска репрезентација на Македонија во рамки на подготвителниот период за настап на претстојното Светско првенство до 19 години во Романијa, ќе учествува на два турнира во Унгарија и на „Карпати трофеј“ во Романија.
Првиот турнир на кој ќе учествува нашата младинска репрезентација е во Унгарија во градот Дабас во период од 22-24.06.

На турнирот ќе настапат репрезнтациите на Унгарија, Македонија, Холандија и САД.

Распоред и термини на одигрување на натпревари:

22.06 – 17:00 часот Македонија – Унгарија
23.06 – 17:00 часот Македонија – Холандија
24.06 – 12:00 часот Македонија – САД

Се вчитува...