ПСЖ активираше голема трансфер-бомба за наредната сезона откако францускиот гигант денеска го официјализираше трансферот на јЈури Кнор.
Германскиот бомбардер настапува на бековската позиција во дресот на Рајн-Некар Левен, Кнор се реши за нов предизвик во кариерата, имаше на маса понуди на бројни европски гиганти, но на крајот го избра ПСЖ за следна деестинација.
Договорот е со важност од јули 2027 година, тој по завршувањето на сезонава ќе пристигне во Париз, каде ќе остане до 2030 година.
„Пресреќни сме што можеме да му посакаме добредојде на Јури во ПСЖ. Тој се наметна како еден од најдобрите плејмејкери во Европа, со визијата за играта и ефикасноста пред голот, заедно со лидерските способности, немаме дилема дека ќе биде огромно засилување за нашиот тим“, изјави генералниот менаџер на ПСЖ, Тири Омејер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
