Ракометната магија на Пешевски во Топ 5 голови на колото во ЛШ

Жарко Пешевски постигна фантастичен погодок на дуелот со ГОГ, со што македонскиот репрезентативец се најде во Топ листата од пет најубави голови во третото коло од Лигата на Шампионите.

Маестралниот гол на пивотот на Пелистер беше доволен за петтото место во ова рангирање, во кое пред Пешевски се најдоа Ноам од Нант, Кнор од Алборг, Косоротов од Висла и Абду од ПСЖ.

За жал, тоа не беше доволно за „пелистерци“ да го избегнат првиот домашен пораз во ЛШ сезонава…

Се вчитува...