Ракометни малери: Им се дупна гумата, дојдоа со такси во сала, па загубија 18 гола разлика

Сите екипи кои гостуваат на Барселона во АСОБАЛ лигата се однапред осудени на пораст, но ракометарите на Вилја де Аранада долго ќе го паметат патувањето до каталонската престолнина, што се претвори во неверојатно патешествие.

Имено, тимот од Бургос тргна во 9 часот наутро кон Барселона за мечот закажан за 20.30 часот, но се соочи со голем проблем, откако се дупна гумата на автобусот. Проблемот беше среден, но неколку часа подоцна – се дупна уште една гума, а бидејќи резервната веќе беше искористена, немаше начин да се продолжи со патувањето.

Официјалните лица беа известени, па беше дозволено стартот да биде поместен за 45 минути, а ракометарите на Вилја де Аранда заедно со стручниот штаб со шест такси возила на крајот стигнаа до салата на Барселона.

Конечниот исход беше очекуван, победа на Барса од убедливи 45-27, но гостите се соочија со нови проблеми, автобусот не беше стигнат до салата, па мораа да ја минат ноќта во каталонската престолнина пред да тргнат назад за Бургос…

Се вчитува...