Ракометната Федерација на Македонија почнува со реализацијата на уште еден зацртан проект – „Ракометниот караван 2025“ која има за цел да го доближи ракометот до љубителите на спортот низ целата земја и да го промовира ракометот како спорт број 1 во државата.
„Караванот тргнува од Охрид, таму ќе бидат присутни бројни ракометни легенди, се со цел нашиот спорт да биде уште попопуларен во нашата држава. Веќе во октомври е предвидено караванот да продолжи во Прилеп и Битола, на 18 и 19 октомври, за време на ЕХФ седмицата за настап на женската репрезентација“, најави првиот човек на РФМ, Александар Стефанов.
Легендарниот екс-репрезентативец Филип Миркуловски кој е координатор на машките национални селекции не го крие задоволството што е дел од овој проект.
„Мислам дека ова е одлична идеја, за дополнителна промоција на ракометот во Македонија. Мое мислење е дека има повеќе дечиња во фудбал или во кошарка, затоа и го правиме овој караван – да ги привлечеме децата од самиот почеток да тренираат ракомет и така да ги надоградиме сите генерации понатаму“, истакна Миркуловски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

