Ракометните надежи декласирани од Романија

Младата ракометна репрезентација на Македонија го забележа првиот пораз на ЕХФ шампионатот до 20 години кој се одржува во Варна, Бугарија. Во натпревар од 3. коло групата Б нашите надежи доживеаја убедлив пораз од Романија 31-21.

По израмнетата игра во првите десет минути, Романците заиграа далеку поквалитетно до крајот на првиот дел па на пауза заминаа со позитива од плус четири 15-11. Во второто полувреме разликата само се зголемуваше, а на крајот Романија стигна до рутински триумф од 31-21.

Избраниците на Раде Стојановиќ со овој пораз имаат само минимални шанси да се пласираат во полуфиналето. За такво нешто тие во последното коло ќе треба да слават над лидерот на табелата Швајцарија, додека Романците да загубат од Украина.

Се вчитува...