Ракометно шоу во „Борис Трајковски“ за потврда на пласманот на Македонија на СП

Ракометната репрезентација на Македонија вечерва на домашен терен против Словачка треба само да го потврди пласманот на ново големо натпреварување во низа, овојпат Светското првенство кое што на почетокот на следната година ќе се игра во Германија.

Избраниците на Кирил Лазаров голем дел од работата го завршија на првиот натпревар од двомечот одигран во Прешов кој го добија со убедливи 24-31. Овој ден треба да биде празник на ракометот, па затоа РФМ организира и голем хепенинг кој ќе започне пет часа пред натпреварот (14 часот) на платото пред „Борис Трајковски“.

Ќе има забава, игри, подароци и ракомет за сите генерации, велат од федерацијата.

Кулминацијата, каде се очекува полна сала, која ќе слави пласман на уште еден Мундијал во 2027 година во Германија ќе почне во 19 часот.

Се вчитува...