Ракометот ја губи битката со Covid-19: Одложени осум од 12-те средби во ЛЕ

ЕХФ има огромни проблеми околу одржувањето на натпреварите од европските купови во ракомет, по се поголемиот број на заразени ракометари во екипите кои се дел од Лигата на Шампионите и од Лигата на Европа. Македонскиот првак Вардар веќе има две одложени средби во ЛШ, но многу полоша е ситуацијата во Лигата на Европа, каде не можат да се одиграат ниту половина од предвидените натпревари.

Конкретно, денеска на програмата требаше да бидат 12 натпревари од второто коло во ЛЕ, но од овие дванаесет поради коронавирус одложени се дури осум. Металург се наоѓа во карантин и поради тоа не може да игра против Висла, а од исти причини нема да се играат ниту натпреварите Татабаања – Рајн-Некар Левен, Спортинг Лисабон – Прешов, Магдебург – Монпелје, Тримо Требње – Шафхаузен, Ним – Фуксе Берлин, ЦСКА Москва Алингсас и Нексе – Бешикташ.

Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер ќе го игра својот меч од второто коло, на гостински терен против ГОГ Гудме, а на програмата покрај овој ќе бидат само уште три натпревари: Адемар Леон – Тулуз, Фиверс – Чеховски Медведи и Кристијанштад – Динамо Букурешт.

Се вчитува...