После поразите од Манчестер Јунајтед и од Брајтон на домашен терен, се погласни станаа шпекулациите дека Челси ќе го менува тренерот Енцо Мареска од кормилото, со оглед дека тимот сега заостанува во битката за титулата.
Сепак, од лондонските сини стигна и демант за такво нешто. Од таму велат дека се изненадени од гласините за смена на Италијанецот, и дека до тоа нема да дојде.
„Мареска е идеален менаџер и тоа го видовме во изминатите осум месеци. Со него тимот освои европски трофеј во Лигата на Конференции, а потоа и Светското клупско првенство. Секоја можна промена ќе биде разгледана по завршувањето на сезоната“, велат од Челси на гласините дека можно е да добијат нов предводник.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

