Раководството на ФИФА со поддршка за „уметникот“ Инфантино

Раководството на ФИФА ги призна грешките и упати извинување во соопштение до јавноста, по кризниот состанок одржан во Мароко, при што ја изрази и својата целосна поддршка за претседателот Џани Инфантино, кој се соочи со критики поради планот за вклучување приватни инвеститори.

Состанокот, кој беше затворен за јавноста, се одржа во африканското седиште на ФИФА, во комплексот „Мохамед VI“ во Сале, близу Рабат. ФИФА објави соопштение во кое призна дека „биле направени грешки откако предлогот протекол во јавноста“. ФИФА се извини за грешките и вети дека ќе се погрижи такво нешто да не се повтори.

„Генералниот секретар на ФИФА и членовите на Извршниот комитет ја потврдија својата целосна поддршка за претседателот Џани Инфантино како единствен претседател избран од 211-те членки на ФИФА“, се наведува во соопштението на светското управно тело.

На состанокот присуствуваа претседателот Инфантино, генералниот секретар Матијас Графстром и членови на Извршниот комитет на ФИФА. Дискусиите се фокусираа на потребата од подобрување на процесот по повлекувањето на предлогот „FIFA Forward Enterprise“ (FFE). „ФИФА нема да толерира никакви напади врз својот интегритет и ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на својата репутација“, се вели во соопштението.

Учесниците на состанокот се согласија дека намерата не била да се создаде чувство кај Советот на ФИФА и националните асоцијации дека се исклучени од процесот, како и дека процесот требало да се спроведе поинаку. Тие исто така признаа дека грешките настанале откако предлогот веќе протекол во јавноста, односно во медиумите.

Се вчитува...