Интер ќе го одврзе „ќесето“ за Конте и за Џеко

Раководните лица на Интер не се среќни од работата која што ја извршува Лучијано Спалети, но и од играчкиот кадар, пренесуваат медиумите на Апенините. Сигурно е дека остануваат без најдобриот фудбалер, Мауро Икарди, а најверојатно по крајот на сезоната од тимот си заминува и тренерот Лучијано Спалети.

Најголема желба на раководството на тимот од Милано за замена на Спалети е Антонио Конте, кој по одисејата во Челси е без ангажман. Во Интер не сакаат повеќе да штедат и сопствениците на клубот, групацијата Сунинг ќе побара финансиска помош од спонзорите, како би можеле да го привлечат Конте, но и да склопат сериозен буџет за носење на нови фудбалери.

Покрај Конте, главна мета на „нероаѕурите“ ќе биде репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Един Џеко кој не е задоволен во Рома, а неодамна имаше и несогласување со соиграчот Стефан ел Шарави. Доколку добијат финансиска помош од спонзорите, раководството на Интер, ќе влезе во трката за потпишување и на Лука Модриќ од Реал Мадрид, Иван Ракитиќ од Барселона и Матео Дармиан од Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...