Раководството на РФМ на средба со кадетската репрезентација за претстојниот ракометен Мундијал

Женската кадетска ракометна репрезетнација на Македонија на подготовките за претстојниот Мундијал кој ќе се одржува во Скопје доби изненадување откако беше посетена од Претседателот на ракометната федерација Живко Мукаетов и Генералниот Секретар Милошевски.

По периодот во Маврово нашите кадетки ги завршуваат подготовките во салата во Автокоманда, а таму претседателот Мукаетов ги поздрави, изрази поддршка и им посака успех во натпреварувачкиот период на Мундијалот.

Кадетскиот ракометен Мундијал во женска конкуренција кој ќе се одржува од 30.07 до 11.08. е прв од натпреварувачки формат со 32 учесници, претходниот кој беше предвиден беше откажан во 2020-та година во Хрватска поради пандемијата. Mакедонска репрезентација е дел од групата Б заедно со селекциите на Сенегал, Иран и Узбекистан и ќе настапува во СЦ „ Борис Трајковски“.

Првиот натпревар ќе биде одигран на 30.07 со почеток од 20 часот и 30 минути, а за противник ќе ја имаме репрезентацијата на Сенегал. Ден подоцна од исто време се среќавме со Узбекистан, а групната фаза ја завршуваме на 02.08 со натпреварот против Иран.

Се вчитува...