Раководството на Ракометната федерација на Македонија денеска беше во посета на канцеларијата на Европската ракометна федерација (ЕХФ) во Виена.
Претседателот на РФМ, Александар Стефанов, и генералниот секретар, Влатко Тасевски, остварија средба со претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер и генералниот секретар Мартин Хауслајтнер на која се разговараше за развојот на ракометот, како и за претстојните европски првенства кои следуваат во календарот на Европската ракометна куќа.
„Оваа средба претставува важен чекор кон унапредување на соработката и развој на македонскиот ракомет на европско ниво“ – информираа од РФМ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

