Раководството на РФМ во посета на ИХФ во Базел

Делегација на Ракометната Федерација на Македонија предводена од претседателот Александар Стефанов замина за Швајцарија, каде во Базел имаше работна средба со раководството на светската ракометна федерација ИХФ.

Челниците на РФМ имаа средба со претседателот Хасан Мустафа, како и со Христо Бошковски, Македонецот кој со години има важна улога во светската ракометна куќа.

Како што информираат од РФМ, на средбата се дискутираше за продлабочување на идната соработка помеѓу двете федерации, со фокус на развојот и промоцијата на ракометот во Македонија.

🔹 Поднесени апликации за организација на идни светски првенства
🔹 Претставени нови проекти за развој на млади категории и едукација
🔹 Потенцирана важноста на поддршката од IHF за идните активности на РФМ

Се вчитува...