Рамадани: Агресивно против Глазгов ренџерс, ќе атакуваме на гол уште во првиот дел

Во таборот на Шкупи во позитивно расположение го очекуваат утрешниот натпревар против Глазгов ренџер во 1. квалификациско коло за Лигата на Европа. На првиот меч чаирчани загубија со 2-0, по гол примен од пенал во последните секунди од мечот, а сега потенцираат дека максимално се подготвени за надигрување со противникот.

„После првиот натпревар немавме многу време за подготовки, туку за освежување. Сепак, мислам дека корегиравме дел од грешките кои се појавија на првиот меч. Глазгов Ренџерс има предност од 2-0, но ние веруваме дека можеме да одиграме уште подобро на реваншот. Треба да бидеме поагресивни кон противничкиот гол и да се обидеме да постигнеме гол во првото полувреме“ – истакна тренерот на Шкупи, Зекирија Рамадани на денешната прес-конференција.

Неизвесен за настап на утрешниот натпревар е Љамчевски…

„Имаме мал хендикеп со повредата на Љамчевски, но верувам дека ќе биде подготвен за игра“ – вели Рамадани.

Натпреварот меѓу Шкупи и Глазгов ренџерс се игра утре од 18 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.

Се вчитува...