Рамадани: Немам дилема, Миовски ќе биде „златна копачка“ во Шкотска!

Репрезентативецот на Албанија, Илбер Рамадани нема дилема дека македонскиот репрезентативец и негов соиграч во Абердин, Бојан Миовски може да биде најдобар стрелец во Шкотска после одличните игри во Премиершипот.

Рамадани и Миовски играа заедно една сезона во МТК, во ланската откако во летото 2021 албанецот од Велје дојде во Будимпешта, а потоа во јули прв замина во Абердин, за да по него дојде и Миовски.

„Дали ме изненадува колку гола даде Бојан? Апсолутно не, зашто јас знав дека ќе биде одличен. Го знам јас добро од МТК, а досега веќе има 11 на контото и јас само се надевам дека вака ќе продолжи. Ако сакаме успех сезонава, неговите голови ќе бидат најважните. И мислам, а и убеден сум дека може Миовски на крај на сезона да биде најдбар стрелец во Премиершип. Тоа е така квалитетен фудбалер, млад, кој од меч во меч само напредува“, вели Рамадани.

Фудбалерот за врска потенцираше дека Миовски не се задоволува со головите, туку сака уште, а тоа е најава дека во следниот период ќе биде уште подобар.

Се вчитува...