Рамос го замолкна Неапол, Реал е во четвртфинале

Реал Мадрид ја продолжува одбраната на европската круна откако „кралевите“ и на вечерашниот реванш беа подобри од Наполи, овојпат среде Италија со 1-3. Роналдо немаше свој ден, но затоа улогата на херој повторно му припадна на Серхио Рамос, кој со два прецизни удари со глава донесе пресврт откако Наполи го доби првото полувреме со 1-0. „Наполитанците“ имаат за што да жалат бидејќи имаа неколку неискористени шанси при водството од 1-0, за што беа казнети во вториот дел.

Фактот дека трибините на „Сан Паоло“ почнаа да се полнат уште четири часа пред почетокот на натпреварот дополнително ги мотивираше „наполитанците“, кои тргнаа храбро од самиот почеток. По неискористените неколку шанси, Наполи заслужено стигна до предност откако Хамшик маестрално го проигра Мертенс, а белгискиот офанзивец беспрекорно биеше во долниот агол од голот на Кејлор Навас.

Dries Mertens Goal – Napoli vs Real Madrid 1-0… by Art_P

И двата тима имаат за што да жалат во завршницата од полувремето, откако Роналдо промаши зицер откако го мина и Реина, но биеше само во дирекот, додека Мертенс пропушти идеална можност да зголеми на 2-0, шутирајќи во дирекот од голот на „кралевите“. Реал ја „олади“ атмосферата на стадионот во Неапол на самиот почеток од второто полувреме, кога Рамос скокна највисоко по корнерот од левата страна и го матираше Пепе Реина.

Sergio Ramos Goal HD Napoli 1 1 Real Madrid 07… by dailymotionfootballgoalsРеал Мадрид доби на самодоверба, па во 56. минута го осигура и пласманот во четвртфиналето. Во главна улога повторно беше Рамос, кој одлично се снајде по корнерот на гостинскиот тим, па со помош на Мертенс го измами домашниот голман и донесе водство на актуелниот европски шампион.

Sergio Ramos Goal HD – Napoli 1-2 Real Madrid… by claytonashurst

Прашањето на патникот во четвртфиналето беше решено, двата тима играа офанзивно во остатокот од средбата, а конечните 1-3 ги постави Мората во судиското продолжение.

Alvaro Morata Goal HD – Napoli 1-3 Real Madrid… by ak-productions

Се вчитува...