Рамос и официјално промовиран во дресот на ПСЖ! (ВИДЕО)

Серхио Рамос официјално стана нов играч на Пари Сен Жермен, објави францускиот клуб. Со денови се најавуваше доаѓањето на шпанскиот дефанзивец во Париз, а сега и официјално е претставен  од клубот на „светците“.

Рамос ги помина медицинските прегледи и го потпиша договорот, кој важи до 30 јуни 2023 година.

„Со задоволство ве информираме дека Серхио Рамос е наш нов играч. Шпанскиот фудбалер потпиша двегодишен договор со клубот“, стои во соопштението на клубот.

Шпанскиот дефанзивец ја даде и првата изјава за својот нов клуб.

„Ова е најдоброто место за продолжување на соништата, најдобриот клуб за нови победи. Ќе се бориме со сè што имаме за освојвуање на сите титули! Напред ПСЖ“, рече Серхио.

 

 

 

Се вчитува...