Рамос: Му го земав дресот на Нејмар, ова му беше последно „Ел Класико“

Реал Мадрид го загуби дербито во САД од Барселона со 2-3, а дел од фановите по мечот реагираа што Серхио Рамос му пријде на Нејмар за да го смени дресот со лутиот ривал. Набрзо следеше и одговорот на шпанскиот репрезентативец, зошто го зел овој „сувенир“ од турнејата низ САД.

Зошто баш дресот на Нејмар? Бидејќи ова е неговото последно „Ел Класико“, барем се надевам дека е. Ако тој си замине, тоа ќе биде проблем помалку за нас бидејќи е навистина импресивен фудбалер. Без оглед на ривалството на екипата јас отсекогаш сум имал добар однос со него, верувам дека ќе ја донесе вистинската одлука за својата кариера“ – истакна Рамос.

Се вчитува...