Серхио Рамос ќе мора да паузира најмалку десет дена од терените по повредата што ја заработи за време на градското дерби против Атлетико Мадрид.
Искусниот дефанзивец настрада во противничкиот шеснаесетник, откако беше удрен со нога во лицето од Лукас Хернандез. Тој се обиде да продолжи, но на полувремето мораше да биде заменет, а лекарските прегледи покажаа скршеница на носот.
Добра вест за Рамос е што хируршки зафат не е неопходен, но овој фудбалер сепак ќе паузира десет дена и ќе ги пропушти дуелите со АПОЕЛ и со Малага, а по враќањето на терените во прво време ќе игра со заштитна маска на лицето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА