Рамос: Нејмар ме убеди да потпишам за ПСЖ

Екс-капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос веќе ги започна подготовките со својот нов клуб, искусниот дефанзивец од наредната сезона ќе го гледаме во дресот на ПСЖ.

На изненадување на сите Рамос ова лето се реши да го напушти Реал Мадрид и во Париз пристигна како слободен играч откако му истече договорот. Тој пред медиумите октри дека пред да се одлучи да потпише за ПСЖ разговарал со Нејмар.

„Со Нејмар во контакт сме шест-седум години. Без разлика што тој играше за Барса, а јас за Реал имавме одлично пријателство. Истото важи и за Ди Марија и Кејлор Навас со кои останав пријател откако си заминаа од Реал. Искрено, Нејмар ме убеди да дојдам тука. Од голема помош е пред да потпишете со некој клуб да зборувате со играчите од тој клуб. Освен тоа Леонард и Ал Келаифи ми претставија фантастичен проект“, изјави Рамос.

Се вчитува...