Рамос: Ние да се срамиме? Нека си ги пребројат трофеите…

Реал Мадрид доживеа дебакл на „Ел Класико“, откако загуби на „Сантијаго Бернабеу“ со 0-3 од најголемиот ривал Барселона. Но, капитенот на „кралевите“, Серхио Рамос, вели дека неговиот тим треба да биде горд на 2017 година, а тие што денеска се радуваа да ги пребројат трофеите што ги освоија.

„Дали „Ел Класико“ е наш дебакл? Секој што мисли така треба само да ја погледен статистиката во 2017 година и да види колку трофеи имаме освоено. Исто така, и ривалите треба да си ги пребројат трофеите, многу е едноставно“, изјави Серхио Рамос.

Тој имаше жестоки стартови на денешното дерби, но и за тоа имаше интересен коментар.

„Во Барселона можеби мислат дека треба да одам во затвор, заедно со Пиџемонт“, пецкајќи го каталонците и за нивниот обид да се изборат за независност.

Се вчитува...