Рамос се поблиску до заминување од Мадрид

Серхио Рамос е се поблиску до заминување од редовите на Реал Мадрид. Долгогодишниот член на мадридскиот клуб не може да најде заеднички јазик со клубот за продолжување на договорот кој истекува на крајот на месецот, а ни самиот клуб не е задоволен од односот на Шпанецот.

Замерките се присутни уште од почетокот на пандемијата на коронавирусот кога капитенот на Реал Мадрид прв одби намалување на платата, а клубот не сака да отстапи од праксата на играчите постари од 30 години да го продолжи договорот на повеќе од една година, што за Рамос е неприфатливо.

Серхио Рамос е на „Сантијаго Бернабеу“ уште од 2005 година каде пристигна од редовите на Севилја. За мадридскиот клуб одигра 469 натпревари и постигна 72 гола. Освои пет титули во домашниот шампионат и четири во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...