Рамос се прости од Зидан, но ја откри и иднината на легендарниот Французин

Зинедин Зидан ја напушти тренерската позиција на Реал Мадрид. По две години соработка со Реал, Зидан одлучи да стави крај на вториот мандат со „кралевите“, па тој реши да ја напушти клупата на тимот од Мадрид. Сега на потег е претседателот на Реал, Флорентино Перез кој тргнува во потрага по нов тренер.

Легендарниот француски стручњак имаше феноменален однос со играчите на Реал, а по напуштањето на клубот проговори и капитенот Серхио Рамос. Тој му посака сè најдобро на Зидан и му рече да ужива на претстојниот заслужен одмор.

“ЗЗ, единствениот. Ви посакувам сè најдобро. Вие го заслуживте тоа и го заработивте чесно. Уживајте во животот со вашето семејство. Голема прегратка и благодарам господине”, напиша Рамос на Инстаграм.

Со оглед на тоа што Рамос му порача на Зидан да ужива со своето семејство, многумина ова го протолкуваа како факт дека Зидан нема да се врати на тренерската позиција. Шансите се големи, како и пред неколку години, Французинот да паузира од работата и да сака да му се посвети на своето семејство.

Претходните години Зидан беше поврзуван со клупата на француската репрезентација, па нема да биде изненадување ако го замени Дидие Дешамп на оваа позиција по Светското првенство во 2022 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sergio Ramos (@sergioramos)

Се вчитува...