Рамос: Со Зидан освоивме толку многу трофеи, сега ни треба поддршка

Европскиот и светски клупски Реал Мадрид освои пет трофеи во изминатата 2017 година, но може да остане без ниту еден во оваа 2018 година. Шампионската титула е премногу далечна со оглед на предноста што ја има Барселона, а „кралевите“ синоќа беа сензационално елиминирани и од Купот на Шпанија, и тоа на „Сантијаго Бернабеу“, откако загубија од Леганес со 1-2.

Капитенот Серхио Рамос во овие кризни моменти за тимот сепак бара поддршка од фановите за целата екипа, но и за тренерот Зинедин Зидан.

„Ова е наш голем неуспех. И не е виновен само Зидан, туку сите ние заедно. Разочарани сме и ние играчите, секако можеме да ги разбереме и навивачите. Но, имавме фантастични моменти со Зинедин Зидан на клупата и сега мора сите да го поддржиме. Мора да бидеме со него и во лошите моменти, би сакал тоа да го порачам во овој миг“, изјави Серхио Рамос.

Се вчитува...