Рамош со деби-гол, Милан е перфектен по две кола

Милан има две победи по првите две кола од Серија А откако „росонерите“ вечерва на домашен терен ја совладаа Веценија со 2-0.

Новиот калчолигаш се покажа како цврст ривал, не искористи неколку шанси, за да плати за промашувањата со погоокот на Гонсало Рамош кон средината на второто полувреме.

Најскапото засилување на Милан промаши неколку убави шанси во првото полувреме, но Португалецот одлично се снајде во 69. минута кога со левата нога го матираше голманот Станковиќ.

„Росонерите“ потоа мајсторски го исконтролираа темпото на игра до самиот крај, заслужено стигнувајќи до бодовите на овој натпревар. Конечните 2-0 во 89. минута ги  постави Халал со несреќен автогол откако Станковиќ го одбрани ударот на Јашари, но топката удри во коленото на дефанзивецот и се врати во мрежата.

Се вчитува...