„Рампа“ за Приштина: Во АБА може само преку Србија

БИБЛ очигледно веќе не е предизвик за Сигал Приштина, па косовскиот првак сега цели многу повисоко, па изразил и желба за учество во АБА-лигата. Екипата на Приштина била подготвена да ја плати и неопходната сума за добивање на вајлд-карта, но експресно стигна и одговорот од раководството на лигата, кој е негативен.

Точно е дека добивме барање од Сигал и истото го проследивме до раководството на лигата. Нема што многу да се дискутира, се знааст пропозициите според кои се учествува во АБА. Не може секој клуб што ќе посака да стане дел од оваа лига. Кога во 2015 ја формиравме лигата челниците на ФИБА бараа од нас да направиме стриктни правила и ние тоа го сторивме. Се знае кои шест земји ги даваат учесниците и преку кои лиги може да се стигне до АБА. Конкретно, ако Сигал сака да игра во нашата лига, ќе треба да се бори за место преку српското првенство“ – изјави директорот на АБА, Крешимир Новосел, за „Моцарт спорт“.

Се вчитува...