Рамзи го однесе Велс на ЕВРО 2020

Велс го обезбеди последниот билет од групната фаза од квалификациите за ЕП 2020 откако оваа островска репрезентација славеше на решавачкиот натпревар против Унгарија со 2-0. Арон Рамзи е херојот на Велшаните, откако асот на Јувентус ги постигна двата гола за својот национален тим, кој втор европски шампионат во низа ќе биде дел од елитниот собир. На Унгарците им беше доволен и бод за да се задржат на второто место, но паднаа на последниот испит.

Серж Гнабри постигна хет-трик за Германија во победата од 6-1 над Белорусија, а со идентичен резултат триумфираше и Белгија над Кипар, меч на кој Бентеке и Де Бруине постигнаа по два погодоци за „црвените ѓаволи“.

Вајналдум со хет-трик ја предводеше Холандија со убедливиот триумф од 5-0 над Естонија, Словачка лесно го совлада Азербејџан со 2-0, додека Шкотска славеше со 3-1 на дуелот со Казахстан.

Се вчитува...