Рангник оптимист пред дуелот со Атлетико: Ако играме како со Тотенхем, сигурно ќе победиме

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ралф Рангник верува дека неговиот тим ќе победи во реваншот од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.

Во првиот натпревар во Мадрид, Манчестер јунајтед и Атлетико ремизираа (1-1).

„На Атлетико не му пречи ако противникот ја има топката. Треба да играме без да примиме гол ако е можно. Секако, важно е ние да постигнеме први гол. Имаме фантастична можност да влеземе меѓу осумте најдобри. Ако играме како со Тотенхем, само 20% подобро, тогаш ќе победиме, сигурен сум“, изјави менаџерот на Манчестер јунајтед.

Се вчитува...